Вработените во културата, образованието, здравството и во другите јавни дејности, се најдоа на списоците за попишувачи на октомврискиот Попис на населението. Компјутерот ги избрал, не правејќи разлика дали некој од нив е уметник или лекар….

Вработените во културата, образованието, здравството и во другите јавни дејности, се најдоа на списоците за попишувачи на октомврискиот Попис на населението. Компјутерот ги избрал, не правејќи разлика дали некој од нив е уметник или лекар. Експертите укажуваат дека законот за администрација не треба да се применува буквално и дека Пописот треба да го спроведе класичната администрација.

На последниот список за попишувачи има и актери, оперски пејачи и балерини. Меѓу нив се и неколку звучни имиња како на пример, актерите Дејан Лилиќ, Катина Иванова, Катарина Илиевска, Владо ЈАневски, балерините Биљана Басмаџиева и Маја Митровска, оперските пејачки Александра Лазаревска и Ирена Кавкалевска. Ниту еден од нив не бил официјално иинформиран, а за веска дела се избрани за дел од попишувачките тимови дознале од медиумите.

-Јас имам професионални ангажмани во театрот, вели  актерката Катина Ивановска, и не знам како можам да ги прилагодам со оваа должност.

-Ако буквално ги гледаме работите, сите овие лица се вработени во јавната администрација од чии редови се бираат половина од попишувачите, вели професорот Борче Давитковски. Проблемот е во тоа што Државната пописна комисија требала да направи филтер во списокот од 120.000 јавни службеници и да ги избере оние кои се класични административци.

-Ова не е томбола, категоричен е професорот Борче Давитковски и Комисијата требала да води сметка дека во барабанот, треба да бидат само класичните административци, а не балетани, глумци, кустоси. Тоа е далеку од здрав памет.

Професорот Давитковски кој учествуваше во изготвување на законот за јавни службеници, тврди дека сите нелогичности од овој тип ќе се одстранат кога целиот јавен сектор ќе се прилагоди согласно овој закон. Во спротивно ќе се поворуваат ситуации како онаа од пред неколку дена кога во списокот на попишувачи имаше и десетина новинари од МТВ.

Според  Министерството за информатичко општество и адмиснистрација тие имаат стаус на јавни службеници бидејќи според буквалното толкување на законот вработени се во тела кои се од јавен интерес. Законот е донесен во април 22010 година вели професорот Давитковски  а  за жал министрите и директорите на јавните претпријатија не реагираа, односно не ги усогласија своите посебни прописи  со кои се регулира положбата на вработените .

Пописот треба да почне на 1 октомври и да заврши до 15-ти. Голем дел од избраните попишувачи се уште не се официјално известеени, па во страв од  најавените казни веќе ги проверуваат интернет страниците на државната поисна комисија.