Доколку утре се одржат парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ би биле речиси изедначени, ВМРО-ДПМНЕ би освило 24, 5 %, а СДСМ 23,7 % од гласовите, а речиси идентична е разликата и во рејтингот  кој го уживаат лидерите на двете партии Груевски и Заев кај граѓаните. Ова го покажа анкетата на Телма и МЦМС, спроведена телефонски од М-Проспект, од 10 до 15 мај, врз репрезентативен примерок од 1.000 испитаници. Рeзултатите покаѓаа дека за ДУИ би гласале 8,5 проценти, за Беса  3,7%, а за Алијанса за Албанците 1,8 проценти од граѓаните. Процентот на оние кои не не сакале да одговорат на ова прашање или не знаат за кого би гласале е 30 отсто.

ВМРО-ДПМНЕ со оваа анкета е 0.8% т.е. нецел еден процентен поен е во предност пред СДСМ, додека во анкетата во февруари разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ  беше 0,3 процентни поени.

По етничка припадност анкетата покажува дека кај Македонците поддршката за ВМРО-ДПМНЕ е 33%, а за СДСМ 26,2%. Вкупно 23 проценти одговориле дека не знаат за која партија би гласале или не би гласале за ниту една партија. Разликата во поддршката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кај Макеоднците е 6,8 процентни поени исто колку што покажа и анкетата спроведена во февруари.

Кај етичките Албанци убедливо води ДУИ со 38,7 %, а втора е БЕСА со 17,1 %. Трета партија кај Албанците на која тие би и дале доверба е СДСМ  со 12,4 %. За Алијанса за Албанците би гласале 8,3 % од гласачите Албанци, додека за ДПА 4,1%.

Анкетата на Телма и МЦМС го покажа и рејтингот кој го уживаат политичарите кај граѓаните.

На прашањето кој политичар заслужува најголема доверба Никола Груевски доби 25,8 проценти од гласовите, а само еден процент помала доверба кај граѓаните ужива Зоран Заев – 24,8 проценти. Трет, но далеку зад нив во проценти е претседателот на државата, Ѓорге Иванов, со 9 проценти поддршка, а потоа следат Али Ахмети со 6,1 процент, Зијадин Села со 3,2%, Билал Касами со 3 %. Одговор дека ниту еден од нив не ја заслужува довербата дале 14,8% од анкетираните. По етничка основа рејтингот на политичарите покажа дека 33,6% од Македонците имаат доверба во Груевски,  додека во Заев веруваат 27,3 %. Иванов ужива доверба кај 12,7 % од Македонците. Кај Албанците пак највисок рејтинг ужива Али Ахмети со 28,1 %, а втор по него кој заслужува доверба кај Албанците е лидерот на СДСМ, Зоран Заев со 16,1 проценти. Трет е Зијади Села со 14,7 проценти, а веднаш зад него е Билал Касами со13,8 проценти.

Анкетата покажа поделен став кај граѓаните на прашањето дали почна разрешуваето на политичката криза. Позитивно на ова прашање одговориле 46,3 % од анктираните, додека 42,6 % не сметаат дека разрешницата е почната.

Инаку дури  62,1 процент од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да изврши мирно предавање на власта на новото парламентарно мнозинството на СДСМ, додека  25,2% одговориле дека не треба да има мирно предавање на власта. 

OhridNews
извор: „Телма“