– Брзите контри, полуконтри и брзиот центар се најсилното оружје на селекцијата на Исланд. Ние сме тука некако најранливи бидејќи не се враќаме навреме да го покриеме и сочуваме нашиот гол. Премногу сме искусни да им дозволуваме да ни постигнуваат лесни голови. Исланд е селекција која добро ја познаваме затоа пред мечот сите карти се отворени – потенцираше Темелков.
По првиот пропуштен натпревар против Чиле, Темелков беше во составот за мечот со Катар, а за очекување е да биде во ростерот за дуелот со Исланд.