Неефикасниот напад е причина за поразот од Норвешка (29-27) смета селекторот Илија Темелковски. На вообичаената прес конференција по завршувањето на мечот Темелковски рече:
– Одлично се боревме. Во одбраната игравме добро како и во Вараждин, но не бевме ефикасни во нападот – вели селекторот кој очекува да се сочува добрата атмосфера и покрај денешниот пораз.
По првиот натпревар во главната фаза Македонија и Норвешка имаат по два бода.










