Со официјалното завршување на зимскиот режим на сообраќај, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ пристапија кон расчистување на магистралните сообраќајници „Железничка“ и „15-ти Корпус“, кои во текот на зимскиот период беа одржувани од страна на „Македонија пат“.
Како што информираат од ЈП „Охридски Комуналец“, коловозот и околниот простор детално се расчистуваат од абразивните средства, што овозможува понатамошно полесно одржување на овие сообраќајници.
OhridNews












