И покрај променливото време во изминатите неколку седмици и ветрот кој дуваше од северо-исток , водата во Охридското езеро, деновиве, ја достигна просечната температура за овој период од годината и е топла и пријатна за капење.

Според последно извршените мерења, температурата на водата изнесува 24 степени.

Исклучок беше минатата година, кога како последица од високите темпеаратури на воздухот во првата половина на месец јули, температурата на водата во езерото се искачи на 27,3 степени.

Според најавите на метеоролозите, времето во наредните денови ќе биде стабилно и топло, со што се очекува и постепено зголемување и на температурата на водата во езерото.

OhridNews