Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на Охридското Езеро изнесува 21.5 степени Целзиусови, а измерена е минималната температура на воздухот од 16 степени.

Сончево и уште потопло ќе биде денеска. Попладне во планинските подрачја со ретка појава на дожд и грмежи. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 32 степени.

Температурите ќе бидат во пораст и во наредните денови. Во недела ќе достигнат до 39, а во понеделник до 40 степени Целзиусови, информира УХМР Македонија.

OhridNews