Според утринските мерења на УХМР, температурата на водата на Охридското Езеро изнесува 21 степен Целзиусов.
Времето и денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од југозападен. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 28 степени.
Утре ќе се задржи сончево и топло време со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Особено топло ќе биде во југоисточните делови од земјава. Во среда ќе дува засилен југозападен ветер, а ќе има и повремени врнежи од дожд со ретки грмежи. Од четврток со умерен до засилен северозападен ветер ќе има значителен пад на температурата, но се уште и повремен дожд. Потоа времето ќе биде стабилно и посвежо, со особено ниски утрински температури, информира УХМР Македонија.
OhridNews












