Температурата на водата во Охридското Езеро измерана утрово во 7 часот изнесува 6,3 целзиусови степени.
Температурата на езерската вода во пресрет на фрлањето на Светиот крст за Водици, по традиција ја измери пензионираниот метеорологот Данило Ивановски кој повеќе од 65 години секојдневно ја следи состојбата со температурата и водостојот на Охридското Езеро.
Иваноски пред неколку години во сторија за ОhridNews изјави дека најниската измерена температура на водата на Охридското Езеро е 3 степени над нулата, а највисоката е 27 степени. Инаку вообичаено просечната температура во лето се движи од 25 до 26 степени, а во зима просечната температура е околу 7 степени.
OhridNews