Температурите на планетата Земја растат со побрзо темпо од предвидувањата на научниците, кои се собраа во главниот град на Катар, Доха, на светската конференција посветена на климатските промени, што ја организираат Обединетите нации.

-Температурите
во последните десет години во светот растат побрзо од очекувањата. Се
случија неколку екстремни појави во Северна Америка, но и во други
делови од светот. Цврсто сум убеден дека климатските промени се
вистински и дека се поттикнати од човекот. Имаме обврска кон идните
генерации нешто да преземеме.-истакна американскиот претседател Барак
Обама.

Но, токму САД се уште го нема потпишано протоколот од
Кјото за намалување на емисијата на јаглен диоксид во атмосферата. Тешко е
веројатно дека и собирот во Доха ќе донесе суштински промени, бидејќи
против ограничувања кои директно ќе влијаат на стопанството се и големите
економски сили Русија, Канада и Јапонија.

Во меѓувреме мразот на
половите забрзано се топи што доведува до покачување на нивото на
морињата и океаните, што особено ги загрижува островските земји, кои
стравуваат дека светот навреме нема да ги сфати последиците од
климатските промени, а први на удар ќе бидат токму тие.

OhridNews