Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг даде свое видување за вклучувањето на Алекс Фергусон во Куќата на славните во Премиер лигата.

Тој е репер за сите врвни менаџери во фудбалот. Како создаде и формираше тим, како тренираше и управуваше со него. Ја освои Премиер лигата 13 пати. Никој друг никогаш повеќе нема да може да го направи тоа, толку одлична изведба. А потоа и сите други пехари што ги освои. Стигна до многу трофеи на офанзивен начин. Тој го имаше вистинското чувство кога станува збор за обнова на нов тим, ажурирање, бидејќи тоа го правеше цели две децении, изјави Тен Хаг.

Фергусон 13 пати го водеше Манчестер јунајтед до победа во англискиот шампионат. Осумдесет и едногодишниот фудбалски стручњак е најуспешниот менаџер во историјата на Премиер лигата. Фергусон и Арсен Венгер станаа првите менаџери примени во Куќата на славните во Премиер лигата. Куќата на славните во Премиер лигата е основана во 2021 година.

OhridNews