Ерик тен Хег ги загуби првите два натпревари во Премиер лигата со Манчестер јунајтед.

Под водство на холандскиот стручњак, Манчестер јунајтед во 1. коло загуби од Брајтон (1:2), а во второто коло вчера од Брентфорд (0:4).

Тен Хег стана првиот менаџер на Јунајтед од 1921 година кој ги загубил двата натпревара во Првата лига. Два пораза во првите два меча претрпе Џон Чепмен.

Во моментов Манчестер јунајтед се наоѓа на последното, 20. место во поредокот во Премиер лигата. Тимот не освои бодови и има гол-разлика 1:6.

Во меѓувреме клубот од Олд трафорд соопшти дека е блиску до договор со фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио.

Раководството  на Јунајтед се договори со 27-годишниот француски репрезентативец, како и за провизијата за неговата мајка, која е агентка на Рабио, пренесува „GIFN“ повикувајќи се на новинарот Саша Таволиери.

Претходно се дозна дека Манчестер јунајтед се договори со Јуве за трансфер на играчот од средниот ред за 15+5 милиони фунти.

Се очекува дека сега англискиот клуб нема да го купи играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг, туку играчот од средниот ред на ПСЖ, Леандро Паредес.

OhridNews