Тендерот за „Железничка“ пропадна. Долговите ја кочат децентрализацијата на Охрид
21.09.08 14:57
Тендерот за изградба на улицата „Железничка“ пропадна, откако компанија која учествувала на него го обжалила истиот до Врховниот суд. „Поради тоа не можат да отпочнат градежните работи за реконструкција на „Железничка“ за што беа обезбедени средства од буџетот на државата“, изјави денеска во Охрид, министерот за финансии, Трајко Славески. Тој посочи дека поради обжалување на тендерските постапки не можат да се реализираат голем број проекти. Славески објасни дека за улицата „Железничка“ ќе биде објавен нов тендер, по што ќе се пристапи кон реконструкција на овој мошне значаен транзитен пат, кој веќе неколку години стои раскопан.
Запрашан зошто општината Охрид сеуште не преминала во втората фаза од децентрализацијата, министерот Славески истакна дека причина за тоа се наследените долгови на градот.
„Општина Охрид за жал има наследен долг кој што не и овозможуваше премин во втората фаза од децентрализацијата“ рече Славески. Тој појасни дека за евентуално преминување на општината Охрид во втората фаза од децентрализацијата потребно е да се изјасни посебната комисија во која учествуваат претствници на ЗЕЛС и Министерството за финансии.
На 2482025 околу 22:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 51-годишно лице од Охрид Тој се сомничи дека од април оваа година во повеќе наврати на апликација на социј...
По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица на 28082025 г (четврток) Општина Охрид организира бесплатен превоз до с Скребатно каде се одржува традиционалниот празничен собир Трг...
Испратена пораката за мир и промоција на здрави животни навики во рамки на денешниот меѓународен настан „Штафетно нуркање за мир“, односно пливање под вода-нуркање на здив во должина од 25 метри, к...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.