На Европското Првенство за јуниори и јуниорки до 18 години во Клостерс, Швајцарија од 22 – 28 Јули, 16-годишната Тања Стојановска од ТК Охрид ја претставува Македонија. Вчера забележа победа во 2 коло над Мара Аргириу од Кипар во 3 сета (2:6, 6:3, 6:1).


Во 3. коло игра против Романката Јоана Дуцу. Пласманот во 3. коло и  најдобрите 32 во Европа е одличен резултат за Стојановска  и за Македонскиот тенис.

Ohridnews