Нигерија во последниот натпревар од првото коло на Купот на Конфедерации ја совлада селекцијата на Тахити со убедливи 6-1.

Во групата Б „црните ѕвезди“ се изедначија со Шпанија, која славеше против Уругвај додека победи во првата рунда во А групата забележаа Италија и Бразил над Мексико 2-1 односно Јапонија 3-0.

Во втората рунда од А и Б групата ќе се сретнат Бразил – Мексико, Италија – Јапонија и Шпанија – Тахити и Нигерија – Уругвај.

Мх.П.