Егзибициониот натпревар помеѓу Рожер Федерер и Александар Ѕверев во Мексико постави нов рекорд откако го проследија вкупно 42 517 гледачи.

Рекордот во посетеност на еден натпревар сопственост беше на Серена Вилијамс – Ким Клајстерс кои во Белгија  во 2010 година силите ги одмерија пред 35 000 гледачи.

Швајцарецот победи во три сетови (3-6, 6-4, 6-2) но исходот потполно беше во втор план бидејќи гледачите уживаа во мајсториите на Федерер и Ѕверев.

OhridNews