Без победник 1-1 заврши дербито во групата А помеѓу Белгија и Хрватска додека Србија со “тениски“ 6-1 го  торпедираше Велс. Во третиот натпревар од групата Македонија ремизираше со Шкотска играјќи 1-1 на “Хемпден Парк“.


Хрватите поведоа со голот на Перешиќ во шестата минута. До крајот на првиот дел “црвените ѓаволи“ успеаа да израмна преку Жилет што беше и конечен резултат.

Србија на најдобар можен начин ги отвори квалификациите за СП во Бразил на домашен терен победувајќи 6-1 над Велс. Шест различни фудбалери беа стрелци на головите за “орлите“. Серијата ја отвори Коларов, продолжи Тоѓиќ потоа прецизен беше Џуриќиќ, а на 4-0 зголеми Тадиќ. Петтиот и шестиот погодок беа дело на Ивановиќ односно Сулејмани. Почесниот погодок за велшаните го постигна Герет Бејл.

Во третото коло од квалификациите за мундијалот во Бразил, Хрватска гостува во Македонија. Велс ја пречекува Шкотска додека дербито се игра во Белград каде ќе се сретнат Србија – Белгија.

Мх.П.