Ситуацијата на македонско-грчката граница и понатаму е неизвесна. Повеќе од илјада мигранти пет дена се на пругата и во знак на протест одбиваат било каква помош од хуманитарните организации и полицијата, објави телевизија Телма.
Станува збор за луѓе за кои се смета дека мигрираат од економски причини и на кои им забранија влез Србија, Хрватска и Словенија, а веднаш потоа и Македонија. Поради опасноста од сѕдири на полицијата и мигрантите, ограничено е и присуството на новинарските екипи, но и нивно доближување на граничната линија каде тензијата е присутна со денови, јавува дописникот на Телма од Гевгелија.
OhridNews
извор: Тв Телма