По поразот од Шведска во групната фаза од ЕП со 2-0, француските фудбалери вербално и физички се пресметале во соблекувалните. Ваквиот случај не е прв во селекцијата на Франција. Расправијата на СП во 2010 отиде до таму што одредени фудбалери ја бојкотираа репрезентацијата.


Да, ситуацијата беше напната, но фудбалерите на крајот се смирија. Така е тоа кога ќе се изгуби важен натпревар. Да победевме атмосферата ќе беше сјајна и сите ќе беа насмеани вака….После ова сега очекувам да се сплотиме како еден на мечот против Светскиот и Европскиот првак, Шпанија – потенцираше Лоран Блан.

Натпреварот од 1/4 финалето помеѓу Шпанија и Франција на програмата е во сабота во 20:45 часот.

Мх.П.