Тензии во македонскиот парламент: Започна собраниска драма – едни викаат избори, други гласање. Започна собраниска драма. Сите пратеници се на нозе. Пратениците на СДСМ викаат на гласање, а народните избраници на ВМРО-ДПМНЕ повикуваат на избори.


Преседавачот Трајко Вељаноски се обидува да ги смири страстите со постојано чукање на ѕвончето, јавува нашиот новинар од македонскиот парламент.

Инаку, се започна по повикот на пратеникот Оливер Спасовски пратениците од мнозинството да станат на нозе за да ги види јавност, а од Вељановски побара под итно да го стави на дневен ред неговиот предлог за избор на претседател. Пратениците кои имаат мнозинство веднаш повикаа: Гласање, Гласање. На ова пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мукоски почна да ја пее химната.

На говорницита излегуваат пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а мнозинството се уште е на нозе и бара гласање на собраниски спокер. Едни на други си префрлуваат, тензиите растат. Се чека разврска на собраниската драма. СДСМ довикува нова влада,нова влада и СЈО без избори.

Извор: „Макфакс“
OhridNews