Српската кошаркарска селекција пласманот на четвртата позиција на завршеното Европско првенство го прогласи за неуспех. Целта на „орлите“ беше пласман во финалето и борба за златниот медал, но потклекнаа на прагот од полуфиналето.


– Од првенството можеме да бидеме задоволни, но јас мислам дека најдобрите партии ги одигравме многу рано уште во групната фаза. По доаѓањето во Лил како да го изгубивме ритамот и позитивната енергија. – рече Милош Теодосиќ.


Неприминлива пречка за српските кошаркари во 1/2 финалето беше Литванија која подоцна претрпе пораз од Шпанија во финалето.

– И покрај слабиот натпревар имавме напад за реми и победа. Останува жал што не ја искористивме шансата која ќе ни донесеше пласман во финалето. Притисокот од улогата на фаворит во полуфиналниот дуел многу тешко ни падна и тоа ни беше додатен товар на нашите плеќи. Сепак, тоа никакво оправдание за нашиот неуспех да обезбедиме пласман во финалето. – заврши српскиот репрезентативец.

Четвртата позиција на Србија и донесе предквалификациски натпревари за пласман на Олимпијадата во Рио де Жанеиро 2016 година.


Мх.П.