На улицата „Партизанска“ во Охрид, вчера, во 3 часот, нарушен бил јавниот ред и мир со тепачка помеѓу две лица од охридското село Горно Лакочереј.

  • Во обид да преземе законски мерки за спречување на нарушувањето, интервенирал униформиран полициски службеник од полициската станица Охрид, но притоа, бил физички нападнат од едно од лицата. Истиот е приведен и по консултација со Јавен обвинител е лишен од слобода, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид, против учесниците во нарушувањето и сторителот на физичкиот напад, ќе поднесе соодветна пријава.

OhridNews