Според информациите од министерството за внатрешни работи, пред два дена  околу 08,15 часот, во струшкото средното училиште „Нико Нестор“, во спортската сала, по завршување на часот по физичко воспитание, четири ученици без повод и причина физички нападнале двајца ученици, еден од селото Лабуништа и еден од Струга.

Во нападот биле спречени од страна на професорот по физичко воспитување.

Набргу по настанот, во дворот од училиштетото, двата ученика повторно биле физички нападнати, но при тоа и нивни две соученички.

 Од страна на Полициската станица во Струга се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews