На улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, вчера, околу 15.30 часот нарушен бил јавниот ред и мир поради тепачка во која учествувале две групи од неколку малолетни лица.

Фото: архива

  • Еден од нив бил физички нападнат најпрвин од едно лице, а потоа се вклучиле и другите лица од групата. Причина за нападот е тоа што истиот ден околу 09.10 часот во претходна расправија било искршено стакло на паркирано патничко моторно возило „Мерцедес“ и за истото оштетениот бил повикан кај директорот на средното училиште „Ибраим Темо”. Истиот го посочил напаѓачот како сторител на оштетувањето. Во нарушувањето, физички е нападнато уште едно лице кое се обидело да ги раздвои, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полициската станица од Струга презема мерки за расчистување на случајот.

OhridNews