Тежок инцидент се случил на претпладневниот тренинг на фудбалскиот клуб Хамбургер, кој завршил со жестока тепачка помеѓу Србинот Слободан Рајковиќ и Кореанецот Хеунг Мин-Сон.
Рајковиќ со тупаница се обидел да го удри Сон, кој ударот го избегнал, по што настрадала аркадата на 21-годишниот Толгај Арслан, кој доживеал класичен нокаут.
Сон откако го ескивирал ударот на Рајковиќ, возвратил агресивно, како што пренесуваат германските медиуми, повикувајќи се на изјави на играчите, Кореанецот возвратил со класичен кунг-фу удар. Потоа остантите играчи се вмешале и ја прекинале тепачката, спречувајќи уште поголем инцидент.
Тренерот на екипата Торстен Финк, во истиот момент го избркал Рајковиќ во соблекувалната, додека Сон и Арслан теренот го напуштиле со голферско возило.
„Добро е кога има живот во тимот. Не е добро кога играчите ќе започнат да се тепаат. Учесниците ќе сносат сериозни последици“, рече Финк.
„Билд“ пишува дека Рајковиќ ќе биде суспендиран на неодредено време и дека ќе продолжи да трениера со аматерската екипа на Хамбургер, додека Сон ќе мине со парична казна.
“макфакс“
фото bild.de
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com