Денес околу 02 часот на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лице од Скопје и од Виница од една страна и три лица од Скопје, од друга страна. Едно од лицата е задржано во Општата болница во Охрид, а останатите учесници се приведени во полициска станица.По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Од СВР Охрид информираат и дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29-годиен охриѓанец. Него одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. Пријавениот, на 29.07.2019 година во 11,30 часот, во деловен објект лоциран на улицата „Питу Гули“ во Охрид, физички ја нападнал вработената нанесувајќи и телесни повреди.

Поради  постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против две лица од струшкото село Џепин како и против едно лице од Струга. Пријавата против едно лице од Џепин е дополнета и за сторено казнено дело „напад врз службено лице во вршење  работи од безбедноста“. Тие, казнените дела ги сториле на 29.07.2019 година околу 17 часот на ул.„Ристо Крле“ во Струга, кога физички нападнале полициски службеници кои констатирале сторен сообраќаен прекршок и преземале соодветни законски мерки.

OhridNews