Попладнево околу 14 часот, во центарот на Струга, на улицата Кеј Маршал Тито, дошло до нарушување на јавниот ред и мир, во кој учествувале ученици од струшкото средно училиште “Ибраим Темо” и ученици од Електро- машинскиот училишен центар “Св. Наум Охридски” во Охрид.

Како што информираат од СВР- Охрид, засега не се познати причините поради кои дошло до физичката пресметка меѓу учениците. Дел од нив заедно со нивните родители се повикани на разговор во полициската станица во Струга.

Поопширни информации околу настанот од СВР- Охрид најавуваат во текот на утрешниот ден. 

OhridNews