Синоќа, околу 1 часот и 30 минути, во и пред Кафе Бар ,,Мистик“ лоциран на улицата „Петар Чауле“ бб, нарушен бил јавниот ред и мир со тепачка во која учествувале лицата: В.П.(1991), Т.Д.(1990), Т.М.(1991), сите од Охрид, од една страна и Љ.Т.(1989), Љ.И.(1994), Р.Ж.(1990), сите од Охрид, од друга страна.

Имено, прво настанала вербална расправија и тепачка помеѓу В.П. со тројцата од другата страна, на што реагирале од обезбедувањето на објектот ,,Питон“, при што истите се извадени надвор од објектот, каде продолжила тепачката помеѓу сите горенаведени лица, во која си размениле удари со раце и нозе по главата и телото. Од ударите со видливи повреди се здобил В.П.(расекотина на темето). Во еден момент Т.Д. фрлил шише од пиво кон вратата на кафе барот, при што скршил стакло.

Понатамошното нарушување било спречено од обезбедувањето ,,Питон“ и од вработени во СВР- Охрид кои излегле на лице место и ги привеле: Т.Д. и Т.М., а додека В.П. по укажаната лекарска помош бил повикан во ПС-Охрид.  Останатите учесници во тепачката го напуштиле местото на настанот и се превземаат мерки за нивно пронаоѓање.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Охрид.

Полицијата превзема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, стои во соопштението на СВР Охрид.

OhridNews