С.С. (34) кој живее во Австралија и Љ.Ц.(32) од Охрид, се здобиле со повреди во главата и телото поради што, по првичниот медицински третман во Брзата помош се пренесени на хируршкото одделение во Општата болница. Поради сериозноста на повредите, С.С. е задржан на понатамошно лекување.
Тепачката започнала кога С.С., кој бил видно под дејство на алкохол, започнал разговор со девојки кои пак биле во друштво со 3-4 лица. Истите, најнапред вербално, а потоа и физички ги нападнале С.С. и Љ.Ц. нанесувајќи им повеќе удари со раце и нозе по што веднаш избегале од пред ноќниот клуб.
СВР Охрид, презема мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.