Утрово околу 00.50  во кафе-барот „Респект„ во близина на Градскиот плоштад  во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир поради тепачка во која учествувале 5 лица од Охрид. Еден од нив се здобил со  убодни рани од остар предмет, кој по укажаната лекарска помош во Охрид и Струга е префрлен во болницата „Систина„ во Скопје.

На тепачката и претходела вербална расправија која ја започнале Н.М.(25) и Љ.К.(27) кои биле под дејство на алкохол.Тие, од страна на З.Т.(48) и С.Л.(22) кои извршувале обезбедување на објектот, биле предупредени да не пушат внатре во локалот.

Револтирани поради тоа, започнале расправија, викање и недолично однесување кое набрзо прераснало во туркање и тепачка. Набрзо, меѓусебната  тепачка од објектот се префрлила и надвор, каде се вмешал и А.В.(30) од Охрид.

Понатамошниот тек на нарушувањето е спречено со брза интервенција на полициските службеници од СВР Охрид кон кои Н.М. кој се обидел да се спротивстави. Истиот набрзо бил пренесен во Општата болница во Охрид каде продолжил со агресивното однесување и силно викање оневозможувајки им на медицинските лица да му укажат медицинска помош, а во еден момент својата агресивност ја манифестирал и со обид да го одтурне полицискиот службеник тргајќи го за полициската униформа. На излегување од хируршкото оделение во Охрид и негово носење во болницата во Струга, Н.М. со тупаница го скршил прозорското стакло од влезната врата на болничката просторија.

Кај Н.М. констатирани се убодни рани во пределот на градниот кош но поради дополнителни прегледи истиот со медицинско возило е пренесен во болницата „Систина „ во Скопје.

СВР Охрид презема засилени мерки за целосно расчистување на овој настан и утврдување на степенот на инволвираност на учесниците во тепачката по што ке биде поднесена кривична пријава.

OhridNews