Имено, Д.С. и П.Р. поминувајќи покрај шанкот каде што стоеле А.Ф.и А.Ј. ( сите биле видно под дејство на алкохол), започнале разговор а по кратко време настанала турканица,која прераснала во тепачка во која си размениле удари по телата.Во еден момент П.Р. со предмет (најверојатно нож) му нанел повреда на А. Ј. на десната надлактица во вид на расекотина, за што му е укажана лекарска помош на хируршко одделение при Општата болница .
Од страна на СВР-Охрид излезено е на лице место, спречено е понатамошното нарушување на јавниот ред и мир и по целосно документирање на случајот против истите ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: МВР