А.К. (29) и неговиот брат Б.К. (28) двајцата од Белград, со привремен престој во Охрид, заедно со Н.Д. од Охрид и уште едно, засега непознато лице, рано утрово  го нарушиле јавниот ред и мир. Во нарушувањето учествувал и Р.Ш. (32) од Охрид.

Имено, околу 00 часот и 15 минути, во студентскиот дом „Никола Карев„ во Охрид каде имало празнична забава, настанала вербална расправија меѓу А.К. и Н.Д. кои, под дејство на алкохол, започнале  меѓусебна тепачка. Во тепачката, веднаш се вклучил и Б.К. како и уште едно лице. Тој, заедно со Н.Д. веднаш избегале од местото на настанот.

При обидот на полициските службеници да го приведат А.К. се случил вербален напад од неговиот брат Б.К. како и од Р.Ш. кои по упатените навреди, и физички ги нападнале полициските службеници, влечејќи ги за униформата. Притоа, сакајки да избега, А.К.  со удар со нога во  стомакот, се обидел да се ослободи од еден полициски службеник.

Дел од лицата кои учествувале во тепачката се  приведени во охридската Полициска станица.  Во тек се мерки за пронаоѓање на двете  лица кои по тепачката избегале од местото на настанот.

Оштетено е и едно полициско возило. 

Ohridnews