Ноќеска, околу 00.15 часот, во Охрид во угостителски објект, дошло до меѓусебна расправија, а потоа и тепачка помеѓу 32- годишниот сопственик на објектот и 36- годишно лице кое со нож на сопственикот му нанело две убодни рани во пределот на левата надколеница. Во тепачката, во пределот на носот, повредено е и самото лице кое му нанело повреди на сопственикот.

На повредените им е укажана лекарска помош во охридската Општа болница. Се  преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

OhridNews