Рано утрово околу 03 часот, пред казино на улицата „Партизанска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу три лица на возраст од 19, 25 и 26 години, сите од Охрид, од една страна и 21-годишно лице од село Песочан и две лица на возраст од 22 години од с.Лескоец, од друга страна.

Нарушителите се приведени и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Синоќа инцидент се случил и пред спортска кладилница на улицата „Димче Ковачески“ во Струга. Нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од жител на Струга врз 18-годишен сограѓанин.  Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.

OhridNews