Голема врева и прашина се крена околу голманската позиција во германската фудбалска репрезентација. Јавноста притискаше за голманот на Барселона Андре тер Штеген додека Баерн Минхен преку својот претседател Ули Хенес најави бојкот ако Мануел Нојер не ја задржи „единицата“ во националната селекција.

Чуварот на каталонците ја смири топката и изјави дека не е во караницата со Нојер покрај големата конкуренција помеѓу нив двајца.

  • Ние професионално ја решаваме работата и ќе се поддржиме еден со друг во секој поглед. Не постои нетрпеливост помеѓу мене и Нојер а другите шо сакаат нека зборуваат и пишуваат. Не сум криел никогаш дека сакам да бидам прв голман во репрезентацијата. – рече Тер Штеген.

Неминовно беше прашањето за Тер Штеген околу изјавите на Хенес.

  • Да бидам искрен, не размислувам многу околу неговите зборови. Ја работам мојата зададена задача и максимално фокусиран сум на фудбал. Сите сакаат да се докажуваат и да играат, тоа е нормално. – заврши голманот.

Притисокот од јавноста на некој начин вроди со плод и Тер Штеген од првата минута ќе го започне контролниот меч на Германија против селекцијата на Аргентина.

OhridNews