Фудбалерите на Барселона освоија драгоцени три бодови на „Ванда Метрополитано“ стадионот победувајќи го Атлетико со минимални 1-0 (0-0) во дербито од 15-та рунда во шпанската Примера.

Дербито не брилираше со допадлив фудбал. Најмногу се истакна Андре тер Штеген кој со одбраните во текот на целиот натпревар во очај ги фрли домашните натпревари. Победникот го одлучи генијалнот Лионел Меси. Аргентинецот биеше прецизно во 86-та минута после одиграната акција со Луис Суарез.

Барселона и Реал Мадрид го делат првото место на табелата со идентични 31 поени, а веднаш зад нив е Севиља со 30 бодови.

Резултати:

Севиља – Леганес 1-0

Атлетик Билбао – Гранада 2-0

Еспањол – Осасуна 2-4

Гетафе – Леванте 4-0

Атлетико Мадрид – Барселона 0-1

Табела: Барселона 31, Реал Мадрид 31, Севиља 30, Реал Сосиедад 26, Атлетик Билбао 26..

OhridNews