Дисциплинската комисија на ФФМ го казни голманот на Влазними Мерко Астрит со дисциплинска мерка забрана на настап на првенствени, куп натпревари како и вршење на секаква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од 2(две) години.


Бектеши Илир,претставник на Ф.К.”Влазними”(С) на натпреварот со
Ф.К.”Беласица”(С) се казнува со дисциплинска мерка забрана на вршење на
секаква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од 2(два)
месеци.

Ф.К.”Влазними” – Струга се казнува со забрана на играње на свој терен
како домаќин на 12(дванаесет) првенствени или куп натпревари.Ф.К.”Влазними”- Струга своите натпревари ќе ги игра како домаќин на 100 километри одалеченост од Струга.

Во образложението на ваквите одлуки стои :

Дисциплинската комисија на ФФМ постапувајки по пријавата на Комесарот за натпревари на ФФМ,врз основа на дополнителните изјави на службените лица (делегатот ,судиската четворка,контролорот,записникот од СВР Струга) дадени во писмена форма за натпреварот од 09 коло на Втора лига помеѓу :Ф.К.”Влазними”(С)-Ф.К.”Беласица”(С) кој се одигра-прекинат во 46 минута на ден 24.10.2010 година во Струга, констатира дека Мерко Астрит фудбалер на Ф.К.”Влазними”(С) по завршување на првото полувреме од поготренаведениот натпревар извршил тежок физички напад врз главниот судија (Симеон Стевков).

Дисциплинската комисија на ФФМ постапувајки по пријавата на Комесарот за натпревари на ФФМ,врз основа на дополнителните изјавите на службените лица(делегатот) дадени во писмена форма за натпреварот од 09 коло на Втора лига помеѓу :Ф.К.”Влазними”(С)-Ф.К.”Беласица”(С) кој се одигра-прекинат во 46 минута на ден 24.10.2010 година во Струга,констатира дека Бектеши Илир –Претставник на Ф.К.”Влазними”(С) во 30 минута од натпреварот е одстранет од терен поради крајно вулгарен однос и недоличен однос кон главниот судија.

Дисциплинската комисија на ФФМ постапувајки по пријавата на Комесарот за натпревари на ФФМ,врз основа на изјавите на службените лица дадени во записникот на натпреварот од 9 коло на Втората лига помеѓу : Ф.К.”Влазними” –Ф.К.”Беласица” одигран (прекинат) на ден 24.10.2010 година, како и дополнителните извештаи, констатира дека на горенаведениот натпревар по завршување на првото полувреме дошло до тежок физички напад на главниот судија од страна на службени и неслужбени лица кои му нанеле тешки телесни повреди при што истиот со возило за брза помош е пренесен во медицинска установа во Охрид каде што е задржан на понатамошно лекување.

“извор ФФМ“
OhridNews