Челси ја елиминираше Барселона и се пласираше во финалето, второ за “сините“ во историјата. Капитенот на Челси, Џон Тери лесно можеше да се случи да биде трагичар на 1/2 финалниот двомеч со Барселона. Предводникот на одбраната во 37-та минута го фаулираше без топка, Санчез, а турскиот судија Чакир му покажа директен црвен картон.


Многу ми е криво што направив таква глупост и ќе го пропуштам финалето, им се извинив на фудбалерите и на навивачите – кратко коментираше “црвениот“ капитен на Челси, Џон Тери.


Сонародникот на Тери, Френк Лампард го одигра најдобриот меч во кариерата во дресот на Челси но и тој се осврна на црвениот картон на одбрамбениот фудбалер.

– Не го видов стартот од Тери, но потоа тој ми сугерираше дека го удрил. Сите сме заслужни за овој резултат, победничкиот дух беше на неверојатно ниво. Времето во второто полувреме течеше многу споро, но кога Торес ја погоди мрежата осетив дека одиме во Минхен – потенцираше Френк Лампард.

Мх.П.