Одлуката на Џон Тери за повлекување од дресот на “гордиот албион“ силно ја потресе англиската јавност. Капитенот на “сините“, Тери сеуште е под истрага од англиската федарација поради вербалната пресметка со Антон Фердинанд.

Свој осврт за целокупната ситуација даде и Тери кој истакна дека притисокот е преголем за да продолжи да ги брани боите на Англија.

Кога веќе ФА одлучу повторно да поведе постапка против мене иако на сум бев ослободен од тужбите ме доведоа до ваков избор – потенцираше Тери.

Столбот на англиската селекција дебитираше во 2003 година на мечот против Црна Гора. Од 2006 по доаѓањето на Стив Меккларен, Тери беше наименов за капитен на “Гордиот Албион“. Во 2011 година капитенската лента му ја одзеде Фабио Капело по тужбите заработени од ФА за вреѓање на Фердинанд на расна основа.

– Претставување и водењето на мојата земја на неколку големи натпреварување ми беше сон од мало дете. Кога ја носев оваа одлкука ми беше многу тешка, но сега морам да се осврнам на мечевите од Челси во Премиер Лигата и во Лигата на Шампионите. Сакам да му се заблогадарам на сите фудбалери со кои сум играл во дресот на Англија и на сите селектори кои ми даваа подршка во сите моменти наназад – заврши Тери.

Последен натпревар за Џон Тери во англиската селекција беше мечот со Молдавија на гости каде “белите“ триумфираа со 5-0.

Мх.П.