Во понеделник, 14 јули, на територијата на Општина Охрид ќе се врши терестрично (од земја) прскање против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19:00 часот во понеделник до 6:00 часот во вторник.
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат, велат од Општина Охрид.
Посочуваат дека во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
OhridNews