Четири лица загинаа, а 12 се повредени во нападот во Стразбур, за кој надлежните сметаат дека е терористички чин. Напаѓачот е идентификуван како 29-годишен маж, а неговиот стан претходно бил претресен во рамки на истрагата за грабеж извршен летото. Градоначалникот на Стразбур објави ден на жалост по нападот во градот.

Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер потврди дека вооружен напаѓач убил три лица, додека 12 други ранил во близина на Божикниот пазар во источниот француски град Стразбур.Тој пукаше синоќа во близина на Божикниот базар предизвикувајќи паника во градот. Постои сомнеж дека напаѓачот е екстремист, но мотивот се уште не е утврден.

Франс прес јавува дека напаѓачот е идентификуван како Шериф Чекат и дека има 29 години. Фигаро ја потврдува информацијата и додава дека станува збор за маж роден во Стразбур.

Париското обвинителство ќе почне истрага за пукањето во центарот на Стразбур како да се работи за терористички напад.Обвинител, кој е задолжен за противтерористички истраги, ќе допатува во Стразбур.

Затворен е центарот на градот, а запрен и е трамвајскиот сообраќај. Затворен е и Европскиот парламент, а на персоналот му е наредено да остане во просториите на парламентот.Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани изјави дека центарот на градот не е безбеден, а за пратениците кои останале таму ќе биде формиран конвојот со француска полиција, кога тоа ќе биде можно.Невозможно е да се оди во центарот без тој конвој, рече Тајани.

OhridNews

Макфакс