Пред синагогата во центарот на Виена вечерва се случило пукање и напад со бомба, јавуваат австриските медиуми.

Тие пишуваат дека во близина на Шведенплац се слушнале неколку истрели, по што едно лице се разнело со експлозив. Додаваат дека во нападот учествувале повеќе напаѓачи кои се во бегство. Неофицијално има мртви и повредени.

Во тек е голема полициска акција во главниот град на Австрија.

Канцеларот Себастијан Курц го осуди нападот, кој го окаректизира како терористички чин. Тој најави дека федералната војска ќе ја штити Виена, со цел полицијата да се справи со терористите.

OhridNews