Бројот на загинати во бомбашките напади на шест локации во Шри Ланка се искачи на 137 лица, а над 200 се повредени во неколкуте експлозии во цркви и луксузни хотели во главниот град. Експлозиите биле пријавени на неколку локации во Коломбо и надвор од градот. Според првичните информации, се случиле шест експлозии, три во католички цркви кои прославувале Велигден и три во хотели со пет ѕвездички, информира полицијата. Експлозиите се случиле речиси истовремено. Според Би-би-би меѓу жртвите има и странци, но се уште нема подетални информации.

Претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена во обраќањето кон нацијата, повика на смиреност, но и за претпазливост.

За експлозијата никој не ја презеде одговорноста, но во Шри Ланка неодамна се стравуваше од враќањето на припадниците на поразената Исламска држава од боиштата во Сирија.