Најмалку седум луѓе се убиени, а десетина се повредени во серија експлозии кои се случиле во главниот град на Индонезија, Џакарта, јавуваат светските медиуми. Според првичните информации нападите се случиле во близина на централата на агенцијата на ОН во Џакарта, популарниот трговски центар и кафулето Старбакс.

Портпаролот на полицијата информирал дека непосредно пред нападот стигнала закана дека Индонезија може да биде следна мета на терористики напади на Исламаската Држава.

Според првични информации, нападот го извршиле 10-14 терористи кои на местата стигнале со мотоцикли, по што истрелале проектили кон објектите. Најмалку еден од нив се разнел откако активирал елек со експлозив. Потоа следувало и пукање, веројатно од крововите на околните згради.

Во делот од градот каде што се случиле нападите се наоѓаат неколку луксузни хотели, канцеларии и амбасади, вклучувајќи го и дипломатското претставништво на Франција.

OhridNews