Златен накит и разни алати во вредност од околу 7.000 евра или 440.000 денари биле украдени од куќа во Струга, која била во сопственост на иселеник кој живее и работи во странство.

Според полицијата кражбата се случила во временскиот период од 15-ти октомври 2013 година до 13-ти август 2014 година. 

Се преземаат мерки за откривање на сторителот на оваа тешка кражба.

OhridNews