Вчера во времето од 4 до 6 часот и 45 минути, во Пештани, во куќа, од страна на непознат сторител извршена е кражба, при што од собата во која привремено престојувало лице од село Гиновци- Крива Паланка, одземени се четири мобилни телефони, паричник со 500 евра и клучеви од патничко моторно возило Џип “Ланд Ровер“.

Откако ја напуштил куќата, сторителот на кражбата со клучевите го одзел и возилото, кое било паркирано во дворот од куќата.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Охрид.

OhridNews