Во периодот од 10- ти до 12- ти октомври, во Струга, на улицата „Боро Калајџиески“, непознат сторител извршил тешка кражба во просториите на Управата за јавни приходи и Управата за имотно правни работи.

Во кражбата одземени се ЛЦД монитор и две куќишта од компјутер, со што е причинета материјална штета од околу 18.000 денари. Тешката кражба сторителот ја извршил влегувајќи во просториите, откако со подесен предмет го скршил стаклото од прозорот на бараката. По одземање на предметите лицето го напуштило лице местото.

Струшката Полициска станица прзема мерки за пронаоѓање на сторителот.

OhridNews