Најдобриот фудбалер на Монако и колумбиската репрезентација, Радамел Фалкао, најверојатно ќе го пропушти Светското првенство во Бразил. Фалкао, на куп натпреварот против Монтс, бил жртва на брутален старт, по што бил изнесен од теренот, пренесува „Макфакс“.

Инаку, Монако го победи Монтс со 3:0, во осминафиналниот натпревар во купот на Франција, а Фалкао беше стрелец на првиот гол.
OhridNews
извор:„Макфакс“










