Едно лице го загуби животот, а шест се повредени во тешката сообраќајна несреќа, што се случи во 19.15 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Климештани.

Во несреќата учествувале две патнички моторни возила, „пежо 206“ со прилепски регистарски таблички и џип со американски таблички.

На местото на настанот во тек е увид, а во моментов сообраќајот е во целосен застој.

OhridNews