Вчера во 14 часот и 40 минути, на регионалниот пат Струга-Дебар, во с.Велешта се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „ТАМ“ со охридски регистрации, сопственост на АД „Електрани“- Македонија ХЕЦ „Глобочица“, а управувано од З.Л.(1967) од с.Мороишта-Струга и ПМВ „Голф“ без регистерски таблици, управувано од М.Ф.(1986) од Прилеп.

Во незгодата починале возачот на ПМВ „Голф“, М.Ф. и сопатничката Ј.С.(1989) од Прилеп.

Увид на лице место извршиле ИС, ЗЈО и увидна екипа од ПС-Струга.

Ohridnews